| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапувања за сите, живот само за нив: СДСМ носи поскапа нафта, поскап паркинг и забрани за возење

СДСМ на големо најавуваше живот на сите, но само неколку месеци откако се на власт, полека почнуваат да ги откриваат вистинските планови кои носат низа поскапувања за граѓаните. Градоначалниците на СДС донесоа поскапи паркинзи за сите, поскапа нафта, и најава за забрана за возење на постари автомобили. Тоа е директен удар за економскиот стандард на граѓаните.

– Наместо за проекти, градоначалниците на СДС се натпреваруваат кој поштетна мерка ќе донесе за граѓаните. Наместо суштински проекти тие ја замајуваат јавноста со мерки со кој ги ограбуваат граѓаните. Жално е што нивната неспособност ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

 – Поскапувањето на паркингот значи отстапница и повеќе пари за матни зделки на кадрите на СДС додека граѓаните не добиваат ништо корисно.

Покачување на цените на паркингот во Центар, денеска како можна опција ја најави новиот градоначалник на општината, Саша Богдановиќ. На средбата со ВД директорот на ПОЦ Вангел Андрески, се разгледувала можноста за зголемување на цената на паркинг картата за да стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз.

 Слични мерки најави и градоначалникот на Скоје, Петре Шилегов кој најави поскапување на паркингот на град Скопје, како една од мерките за загадувањето во градот Скопје.

– Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.

Освен тоа, Шилегов денеска изјави и дека освен поскапиот паркинг ќе се мапираат возилата, а оние кои повеќе загадуваат нема да смеат да се вклучуваат во сообраќајот кога во Скопје ќе се регистрира големо загадување на воздухот.

Оваа мерка и тоа како ќе ги ограничи граѓаните кои немаат понови автомобили, кои ќе бидат соочени со дополнителни казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top