| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Ана Гацева и Татјана Џорлева пијано четирирачно на Есенски музички свечености

Утре (8 ноември) со почеток во 20 часот во концертна сала на ФМУ, концерт ќе одржат Ана Гацева и Татјана Џорлева, пијано четирирачно. На програмата се дела: Морис Равел – Ma mere l’oye, – Pavane de la Belle au bois dormant, – Laideronnette, imperatrice des pagodes, – Les entretiens de la belle et de la bete, – Le jardin feerique
Џорџ Лигети – Five pieces for piano 4 hands, I. Indulo II. Polifon etud III. Harmon lakodalmi tanc – A kapuban a szeker, – Hopp ide tisztan, – Csango forgos IV. Sonatina (1, 2, 3) V. Allegro Ерик Сати – Trois Morceaux en Forme de Poire, – In Order to Begin, – Prolongation on the Same (I, II, III), – Once again, – A Gratuitous Repetition Морис Равел – La Valse.

Пијанистката Ана Гацева работи како редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Дипломирала пијано на ФМУ во Скопје како најдобар студент на генерацијата и магистрирала со признанието cum laude во класата на проф. С. Слејанска. Паралелно, дипломирала и магистрирала пијано и
камерна музика на светски реномираната музичка академија Ecole Normale Superieure de Paris Alfred Cortot во класите на проф. Р.Јаса и Ш. Дебуши, стекнувајќи се со највисоката диплома за пијано-концертант. Во текот на својот престој во Париз, Гацева е ангажирана како соработник на Академијата и е стипендист на Академијата и на француската влада. Докторската дисертација по пијано интерпретација ја одбранила под
менторство на проф. Емеритус С. Јанг од Тринити Колеџот од Лондон и проф. Д. Бужаровски од ФМУ Скопје. Истата година, Гацева ја издава книгата „Пијанистички техники во концерти на композитори-изведувачи од светската музичка сцена“.
Патот на усовршувањето ја води и на светски познатата „Моцартеум Академија“ која ја завршила во класата на проф. Дел Вињ, како нејзин најмлад учесник и стипендист. Во 2005 година, како добитник на Темпус Грант (во рамки на образовната ТЕМПУС програма на ЕУ) престојувала на Тринити Колеџот во Лондон.
Морис Равел – La Valse.

Ана Гацева се издвојува како една од најактивните и најуспешните солисти во својата земја.
Соработувала со врвни пијанисти и педагози, како Моник Дешосе, Жан Клод Пентје, Милена Молова,
Александар Штаркман, Жени Захариева итн. Таа е добитник на повеќе високи државни и меѓународни
награди и реализирала бројни концертни настапи. По покана на угледни сали и институции Гацева
концертирала во Франција, Германија, Австрија, Украина, Соединетите Американски Држави,
Холандија, Словенија, Бугарија, Белорусија, Романија Хрватска, Црна Гора, Србија итн. Ана Гацева е
чест солист со Македонската Филхармонија, Младинскиот Интернационален Камерен Оркестар,
Оркестарот за современа музика „Света Софија“, Рускиот Академски Камерен Оркестар, Битолскиот
камерен оркестар. Гостувала на реномираните меѓународни фестивали: Охридско лето, Минска пролет,
Les concerts de Midi&Demi, Киевски музички фестивал, Meridian Festival Bucharest, Загребски летен
фестивал, Пирански музички вечери, Фестивал Барски љетопис, Фестивал Еспресиво- Цетиње, Денови
на македонска музика, Штипско лето, Макарски летен фестивал, Летен фестивал во Омиш, Љубљански
композиторски форум, Хварски летни приредби итн. Реализирала бројни снимки за Македонска
Телевизија, како и снимки за Радио Скопје, Радио и Телевизија Загреб, Радио Љубљана. По покана,
одржала бројни семинари и била член на жирија на натпревари по пијано интерпретација во својата
земја и надвор од неа. Репертоарот на Гацева вклучува дела на автори од сите музички епохи, како и
дела на македонски композитори, кои таа активно ги промовира во земјата и надвор од неа. Во 2012
година таа е добитник на високата награда „Георги Божиков“ за најдобар музички изведувач, која ја
доделува Сојузот на композиторите на Македонија.
Татјана Џорлева е пијанистка од Македонија. Дипломира пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Стела Слејанска – Стојаноска. Магистерските студии по пијано ги завршува
со највисок просек на истиот факултетот. По магистрирањето, Татјана Џорлева го продолжува своето усовршување на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што ја завршува Докторската Дисертација по пијано интерпретација, исто така под менторство на проф. Стела Слејанска – Стојаноска, a научно
истражувачката дејност на докторатот ја работи кај проф. Димитрије Бужаровски. Во текот на своето образование работи со врвни педагози од кои се издвојуваат проф. Акилес Дел Вињ (Салзбург), Mарчела Крудели (Италија), Рита Кинка (Србија), Андреј Диев (Русија), Наташа Вељковиќ итн.

Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои се издвојуваат неколку први награди на републичко
ниво и втора награда на Интернационалниот музички натпревар “Интерфест” во Битола.
Татјана Џорлева како солист реализира бројни концертни настапи, како во својата земја така и на европската сцена. Како солист одржува концерти во: Црква Св. „Северин”- Париз (Франција), „TeatroGurcci” Барлета- Италија, Рим-Италија, „Вила Медичи” – Милано, Салцбург (Австрија), Лондон (Англија), Софија, Загреб, Белград, концерти низ повеќе градови во Македонија и концерти во рамките на фестивалите „Штипско лето”, „Скопско лето”, „Охридско лето”, „Музика Вива”, „Балкански класичен музички фестивал”, фестивал за современа музика „Модоарс”, „Денови на Македонска музика”, „Шопенова вечер”. Татјана Џорлева како солист учествува и на бројни концертни настани во организација на Францускиот културен центар, Британскиот совет, Културно информативниот центар итн. Остварува голем број соработки со македонски композитори (Бужаровски, Коларовски, Зогравски), промовирајќи ја современата музика во Македонија и надвор од неа.

Татјана Џорлева реализирала снимки за потребите на интернет радиото на ФМУ-Скопје и за Македонската Радио Телевизија – Скопје. Соработува и со камерни состави со кои настапува во својата земја и пошироко.
Член е на квартетот „Фонетико” – две пијана и двајца перкусионисти, со кој постигнуваат голем успех на концертната сцена. Од 2015 година формираат дуо со својата колешка Марија Илиева- виолина, со која активно настапуваат во Македонија. Татјана Џорлева е активен член во клавирското дуо Гацева–Џорлева. Првата турнеа е остварена 2004 година во Македонија, со концерти на „Скопско лето“, „Штипско културно лето“ и други градови низ Македонија. Последната турнеа е реализирана во 2017 година. Џорлева е дел и од клавирското дуо Џорлева–Потевска.

Покрај бројните настапи се издвојува освоената прва награда и златен медал во категорија за возрасни, на интернационалниот Музички фестивал „Култура и музика” Барлета-Италија. Како заеднички успех се издвојува и Балканската турнеа во 2010 година за промоција на македонската современа музика и македонската култура, со високо оценетите целовечерни концерти во Софија (Бугарија), Нови Сад, Белград, Шабац (Србија), Скопје, Штип, Охрид и Битола – „Бит Фест” (Македонија). Во 2013 година го издаваат и своето заедничко ЦД за пијано за четири раце.
Татјана Џорлева работи како професор по пијано, камерна музика и методика на наставата по пијано на Факултетот за музичка уметност во Штип. Има изготвено повеќе рецензирани скрипти по методика на наставата по пијано за потребите на студентите, а во тек е изданието на нејзината книга “Пијанизмот во делото Дваесет погледи кон детето Исус” од Оливие Месиан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top