Во најновата епизода на музичкото талент шоу „Пинкови Ѕвездички“ блесна уште една Македонка.Станува збор за 14 годишната Миа Мустафа која со сиот свој талент ги одушеви сите присутни и го имаше првиот настап за паметење.
Жирито уште при првиот отпеан стих не успеа да се воздржи, а да не го даде својот глас за скопјанката Миа. Малдата девојка воодушеви со својата интерпретација и беше најдобра од сите кандидати кои се појавија со неа таа вечер во „Пинкови Ѕвездички“. Милан Станковиќ за неа рече дека е посебна, комплетна и потенцира дека македонците се познати токму по тоа што се на ваков начин уникатни по своето пеење.
Младиот член на жирито истакна и дека сеуште му е жал што нашата Мартија не беше победникот во една од изминатите сезони на ова шоу, токму поради фактот дека била оригинална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)