| четврток, 6 декември 2018 |

Државните институции распишаа оглас за нови волонтери

Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија и секретаријатот на Владата на Република Македонија објавија јавен повик за вклучување на волонтери во државните институции

gorgievoglasЗа ова денеска информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.Ѓорѓиев посочи дека право на пријавување имаат сите млади лица, кои се во терцијарен степен на образование. Огласот ќе биде објавен до 21 јуни годинава, а на него ќе може да аплицираат сите студенти од Република Македонија, без разлика во која година од студиите се.

Тие во апликацијата треба да приложат мотивациско писмо, кратка биографија и фотокопија од индекс. Ѓорѓиев информираше дека по истекувањето на крајниот рок од 21 јуни, приложените апликации ќе бидат разгледувани, по што ќе следи интервјуирање на пријавените студенти.

Инаку, избраните волонтери ќе стапат на работно место од 1 јули годинава.

Владиниот портпарол напомена дека волонтерите ќе примаат надомест за трошоци за превоз, хранарина, како и за основни трошоци. Тој информираше дека оваа практика на вклучување на волонтери во државните институции во кабинетот на претседателот на Владата започнала откако премиерот Никола Груевски за првпат ја добил довербата од граѓаните и дека ова ќе биде седма година по ред како се спроведува.

Тој нагласи дека се помасовно на оваа практика се вклучуваат и другите државни институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top