Градоначалникот на општината Ванчо Стојанов очекува во текот на летниот период да почнат да се градат и останатите осум објекти, чија намена во согласност со урбанистичкиот план е во директна функција и поддршка на земјоделството кое е главно занимање за најголемиот број жители на овој крај.
– Според најавите од инвеститорите, во текот на летниот период треба да се започне изградбата на сите парцели – рече во изјавата за локалните медиуми градоначалникот Стојанов, кој притоа нагласи дека Општината од своја страна е во фаза на подготвување на тендерската документација за асфалтирање на улицата во индустриската зона и дека за неколку месеци ќе почне и со изградба на канализација, со цел стварање подобри услови за идните стопанственици.
Во функција на земјоделците од општина Василево е и штотуку почната постапка за урбанизација на уште една површина од околу 5 ха, која се наоѓа на патот кон Добрашинци, а чија намена, исто така, е изградба на капицитети од сферата на аграрот.
Како што изјави Стојанов, деновиве е завршена пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, а намената повторно е во функција на земјоделието бидејќи како земјоделски крај, проценка е дека токму од таквите капацитети граѓаните ќе имаат најмногу корист.
Стојанов најави дека општина Василево ќе урбанизира и површини за изградба на винарски визби во атарот на село Чанаклија со цел развој на винскиот туризам.
Од сите овие активности, првенствено, бенефитот ќе го имаат граѓаните на општина Василево, и тоа од една страна преку подобрувањето на условите за пласман и преработка на земјоделските производи и од друга страна преку отварање нови работни места и намалување на невработеноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме