| четврток, 6 декември 2018 |

Германија бара работници: Во овие сектори најлесно може да се најде работа

Во Германија побарувачката за работна сила постојано расте, а според податоците од третиот квартал од оваа година таму биле отворени дури 1 090 000 работни места, што е за 175 000 повеќе од истиот период минатата година, објавил вчера институтот за истражување ИАБ (IAB) кој делува во рамки на Сојузната германската канцеларија за вработување.

– Во споредба со минатата година побарувачката за работници особено е порасната во преработувачкиот сектор, транспортот и логистиката, изјавил Александер Кубиц од ИАБ. Според него, работници исто така се уште многу се бараат во градежната индустрија.

Најмногу работници бараат помалите германски фирми кој функционираат со до 50 вработени, а зад нив се средните и големите компании.

Во втората половина на октомври во Германија повторно е забележана ниска стапка на невработеност од 5,4 отсто, а во исто време минатата година таму имало 150 000 невработени помалку.

Експертите во ова поле сметаат дека стручните работни позиции во Германија тешко можат да се покријат со зголеменото вселување на лица од понеразвиените европски региони. Темата за новиот закон за доселеници, по примерот на земји како Канада и Нов Зеланд кој има бодовен систем, е актуелна и во коалиционите преговори во земјата, а либералите се најголемите поддржувачи на целосно отворање на пазарот на трудот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top