| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарка откри каква е Меланија Трамп во приватен живот (Фото)

Од почетокот на мандатот на Трамп, Меланија постојано ја споредуваат со поранешната прва дама на Америка Мишел.

Додека сопругата на Обама е природна и наметлива, Меланија е сосема спротивно поради што ја доживуваат како несреќна и незадоволна.

Репортерка на СИ- ЕН- ЕН Бенет, пак го тврди сосема спротивното. Таа вели дека Меланија иа Мишел се сосема слични.

– Приметив дека е многу лесно да се стапи во контакт со Меланија. Среќна е кога е опкружена со деца, а тоа го увидов додека патуваа низ Европа оваа пролет. Фокусирана е на мајчинството и нејзината најважна работа е нејзиниот син. Се труди да биде добра мајка- заклучила Бенет.

Освен што почна да се облекува како вистинска прва дама, Меланија јавноста неколку пати ја изненади и со своите јавни настапи.

-Докажа дека зборува совршено француски јазик, а неодамна изненади со пораката која ја упати на децата во едно училиште во Америка, истакнува новинарката.

Ако може да се верува на репортерката Бенет, тогаш Меланија е сосема спротивното од она што досега се пишуваше и мислеше за неа.

President-elect Donald Trump’s wife Melania Trump adjusts Barron Trump’s tie before the 58th Presidential Inauguration for President-elect Donald Trump at the U.S. Capitol in Washington, Friday, Jan. 20, 2017. (AP Photo/Patrick Semansky)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top