| четврток, 6 декември 2018 |

Сакала да ја продаде својата Хонда за 500 долари, неколку дена подоцна и нудат 100 000 (Видео)

Американка од Калифорнија одлучила да го продаде својот автомобил, „Хонда акорд“ од 1996 година, па го огласила на Ибеј за 499 долари. За да и олесни во задачата, нејзиниот вереник Макс Ланмен снимил видео за автомобилот кое драматично ја променило неговата цена.

Тој е режисер, па го искористил својот талент која станала многу популарна и покренала голем интерес за колата. Па сега, од почетните 499 долари, последната понуда за 21-година старата Хонда е неверојатни 100 000 долари, а на неа ќе смее да се наддава уште три дена.

– Инспирацијата на рекламата ја добивме додека со својата девојка возевме покрај крајбрежјето враќајќи се од еден наш излет, изјавил Марк за ББЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top