Американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на турнејата во Азија, денес пристигнал во Јапонија, а коментаторите на социјалните мрежи имале што да кажат за неговото однесување. Засега му замеруваат три работи, но како што тргнало, до крајот на посетата на оваа земја би можело да има уште.
Имено, при доаѓањето во резиденцијата на царот Акихито и неговата сопруга, царицата Мичико, американскиот претседател повторно ја “заборавил” својата сопруга во автомобилот. Тој излегол од службеното возило и веднаш тргнал кон царот и царицата, без да ја чека првата дама, која отпосле му се приклучила.
Втората работа која ја забележала јавноста, е поздравот со јапонскиот цар. Иако според јапонската култура почит се искажува со поклонување, Трамп само ја притиснал раката на царот и царицата.
Неговите претходници биле критикувани поради поклонувањето пред царот, бидејќи дел од американската јавност, очигледно оној дел кој не е запознаен со тамошната култура, смета дека така се покажуваат како инфериорни.
Во меѓувреме се појавила и фотографија од Трамп како фрла храна за риби во рибник, за време на посетата на палатата на јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Според снимката, јасно е дека Трамп само го следел тоа што го правел Абе. Но, критичарите и за тоа имале забелешка и се прашуваат – зошто таков израз на лицето кај претседателот на САД?
Американскиот претседател во текот на посетата на Јапонија со своите домаќини разговорал за меѓусебните трговски односи.
Today Trump met the Emperor & Empress while not waiting for Melania again:#TheResistance #Democrats #Trump #Japan #Akihito #Michiko pic.twitter.com/He6UnNe29f
— Ð (@The_Dixon_Cider) November 6, 2017
“Трговската размена меѓу САД и Јапонија не е израмнета и за неа мора повторно да се преговара. Морам да кажам дека во последните децении Јапонија победува во трговската размена”, рекол Трамп.
“Јапонија продава милиони автомобили во САД, а Јапонија увезува многу малку американски возила”, додал американскиот претседател.
Во првите девет месеци од 2017-тата година, трговскиот дефицит на САД со остатокот од светот се зголемил за 9,3 проценти.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)