Во семејна расправија, 67-годишен стружанец ја нападнал својата сопруга и и нанел телесни повреди. Расправијата се случила на 12-ти октомври, кога во семејниот дом во Струга, пријавениот по вербалниот судир физички ја нападнал.
– Во момент на нагласена агресивност, сега пријавениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со стаклен пепелник по главата и по другите делови од телото, пришто и нанесол телесни повреди. Таа набрзо побарала лекарска помош во Општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Против стружанецот поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.