| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто во авионите има пепелник иако е забрането пушењето?

pepelnik vo avion

Иако пушењето во авионите е одамна забрането, тие не смеат да летаат ако немаат пепелници. Иако денеска е речиси незамисливо да се запали цигара во текот на летот, законите наложуваат дека во тоалетите мора да има пепелници, во случај ако некој не сака да се придржува до законот и мора да запали една.

Стравот на авиокомпаниите е дека пушачите во паника би можеле да ја фрлат цигарата на погрешно место, како во кантата за хартија или пак воопшто да не ја изгасат и да се активира алармот за пожар. За да одбегнат опасност од непотребна паника кај другите патници, авионските компании одлучиле дека е попаметно да има место за сигурно гасење на цигарите.

Во САД на пример, пушењето на домашните летови е забрането уште во 1988 година, додека повеќето други компании го следеа тој потег во текот на 90-тите години.

avion-zabraneto

Интересно е тоа што во 2009 година, британски „боинг 747“ на пат за Мексико е приземјен откако е откриено дека нема пепелник во авионот, а добиле дозвола да продолжат со летот дури откако го земале делот што им недостасува од друг авион.

Станува збор за правна работа, бидејќи иако е пушењето забрането, но ако некој сепак реши да запали, тој мора да има место на кое безбедно ќе ја изгаси цигарата.

Ова правило настанало по трагедијата од 1973 година, кога 123 лица загинале на летот од Рио кон Париз, откако пилотот морал итно да слета бидејќи имало дим во пилотската кабина.

Претпоставките се дека димот го предизвикала запалена цигара што некој ја фрлил во кантата за ѓубре, а голем дел од патниците настрадале од гушење додека авионот сѐ уште бил во воздухот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top