Момче на возраст од 25 години утрово околу 3 часот било донесено неконтактибилно во Медицинскиот центар во Струга, соопштија од МВР.
Поради тешките телесни повреди, момчето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Сè уште не е познато што точно се случило и кој го повредил момчето од струшкото село Корошишта. Од СВР Охрид најавуваат подетални информации за подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.