Пејачот Тони Цетински(48) во петокот во попладневните часови во Пустата улица во Ровињ со автомобил го прегази Ибрахим Кевљанин(62). По повод татковата смрт се огласи и синот на Ибрахим, Адис, кој веќе 17 години живее во Австрија.
-Ми рекоа дека Тони го удрил Ибрахим додека стоел на патот, не лежел, како што некои поединци тврдат. Цетински во Ровињ го знаат по брзото возење, а на Јутјуб постои снимка каде тој вози брзо, токму по истата улица кај што го уби татко ми. И јас сум возел по улицата, знам дека таму секогаш мора да бидам внимателен, бидејќи таму постојано некој поминува-рекол синот Адис.
Додал дека Тони по несреќата не го ни повикал, а тоа не го напрвиле ниту неговите адвокати.
-Да е човек, би го свртел мојот број, би изразил сочувство. Не се удостои ни да се јави, тврди огорчениот Кевљанин, кој како што тврди, пред осум години го оперирал срцето и на ден пие по 14 таблети. После семејната трагедија, состојбата му се влошила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун