| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија му покажа на Уругвај кој е светски првак (видео)

Актуелниот светски и европски првак, Шпанија, го победи Уругвај со 2-1 во стартниот меч на двете селекции на Купот на конфедерациите, што се игра во Бразил. Идентичен беше резултатот на дуелот Италија и Мексико во корист на „аѕурите“.

Со головите на Педро и на Солдадо, Шпанија по половина час игра имаше предност од 2-0, а шампионите ја контролираа играта во поголемиот дел од мечот со Уругвај. Со убав гол од слободен удар во финишот, Луис Суарез намали, но недоволно барем за реми против Шпанија.

Претходно, Италија го победи Мексико, со головите на Пирло и на Балотели. Стрелец на почесниот погодок за Мексико беше Чичарито од пенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top