Првиот чекор е веќе направен, и извршена е инспекција на постоечката мрежа од 65.000 скривници. Во нив има простор за 7 милиони луѓе, но тоа остава околу 3 милиони жители без заштита.
Шведската влада размислува за проширување на својата постоечка мрежа од нуклеарни скривници, пишува “Local”.
Швајцарија можеби има помалку граѓани од Шведска, но изградила околу четири пати повеќе нуклеарни скривници – доволно за целата популација на земјата.
Во Шведска и на другите места, нуклеарните скривници се потребни за да се заштити населението и од други опасности, како напад со биолошко оружје или конвенционална војна. Често се наоѓаат во јавно достапни згради, како што се училишта или трговски центри, а може да се користат и како места за складирање или гаражи. Се финансираат со парите од даночните обврзници.
Наспроти тоа, во Швајцарија, сите куќи со одредена големина мора да имаат скривници во подрумот, а со тоа се финансиски товар за самите граѓани. Тоа правило во 2011-тата година го укинал швајцарскиот парламент, но повторно било воведено неколку месеци подоцна, по нуклеарната несреќа во Фукушима во Јапонија.
Несреќата ги вратила спомените од Чернобил во 1986-тата година, и довела до обновување на јавната расправа во Европа поради ризиците од зрачење. Во Германија, каде јавните скривници се во помал број отколку во Шведска и Швајцарија – канцеларката Ангела Меркел одлучила во целост да ја остави нуклеарната енергија, и покрај тоа што ја бранела со децении.
Таквите подготовки и заштитни мерки може да им изгледаат чудно на Американците, каде јавни нуклеарни скривници практично не постојат, иако неодамнешните извештаи зборуваат за зголемена побарувачка.
Шведска престанала да ја проширува мрежата на нуклеарни скривници пред речиси две децении, кога приврзаниците на непролиферацијата биле на победничката страна на историјата. Потоа дошле иранскиот нуклеарен програм, несреќата во Фукушима, руските воени операции, ракетните тестови на Северна Кореја – и претседателот Трамп.
Новите локации во Шведска покажуваат дека барем некои од проблемите се поврзани со Русија. Еден од регионите во кои се очекува изградба на повеќе нови скривници е островот Готланд, каде воената одбрана неодамна била проширена со сопирање на можна руска инвазија.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)