| четврток, 6 декември 2018 |

Страв и цензура: НВО и медиумите 3 дена не смеат да побараат одговорност од Спасовски околу убиството на младото момче

Протести на улиците во Скопје, барање за оставката на министерот за внатрешни работи од страна на невладините активисти, борци за човекови права, шарени револуционери како и секојдневно пишување од страна на порталите и медиумите за било што лошо да се случува во државава беше главна одлика во изминативе неколку години во Република Македонија. Од пред 5 месеци штама, молк. Оние што протестираа се вработија во влада, невладините станаа владини додека медиумите паднаа под целосна контрола на СДСМ.

Во период кога Скопје наликува како Чикаго во 30-тите години на минатиот век каде палењето на коли, ограбувањето и јавните ликвидации станаа секојдневие ние сме сведоци како никој, ама апсолутно никој не излегува јавно да побара одговори од МВР или Оливер Спасовски за тоа што се случува моментално во Скопје. Веќе 3 дена МВР молчи околу јавната ликвидација на младиот Мартин Јанушев што се случи пред неговиот дом. Она што може јавноста да го забележи е дека нема ниту еден протест, ниту едно прашање од било која невладина организација или медиум без разлика дали е пишан или телевизиски да праша до каде е целата процедура. Ова некако поминува незабележаано, игнорирано како да не се случува ништо.

Доволно е да се погледне страната на Time.mk најголемиот македонски агрегатор за вести и ќе се забелележи она што се збори долго време дека цензурата и стравот завладеаја со македонскиот медиумски простор.

На првите 3 главни вести на Time нема ни збор за ликвидацијата истото се однесува и на црната хроника. Едноставно се е поважно од тоа. Затоа си велите можеби поради многуте вести паднала веста подоле и ја отвората секцијата хроника но и таму нема ништо. Убиството на младиот Мартин во моментов на пишувањето на овој текст беше дури 15-та по ред вест и тоа од вчера.

Само за потсетување кога ќе се изгубеше вака трагично живот тогаш се палеа свеќи, се организараа протести, маршеви се бараа оставки, се збореше на сите можни медиуми колку нашата безбедност е загрозена се појавува најразлични експерти, па дури и се контактираа семејствата да ја споделат својата болка. Но чудното е што во овој случај такво нешто нема. Зошто, што, како и кој го запира ова не се знае, ама целта е да се замолчат сите оние кои бараат одговори. Во јавноста некако намерно незабележано помина и пишувањето на Сашо Ордановски, новинар близок до СДСМ кој пред повеќе од една недела во колумна за Цивил медиа предупреди дека се појавиле рекетарски банди по скопските улици. Во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита”, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска” шема. – напиша тогаш Орданоски.

Да биде работата почудна е што извршителот се знае. Има сведоци, а јавноста го знае како лик од скопското подземје кое во последно време откако е на власт СДСМ ги тероризира, рекетира и малтретира локалите низ Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top