На плоштадот “Скендербег” во Скопје започнаа протести против пресудите против обвинетите за случајот “Диво Насеље”.
Учесниците на протестите од плоштадот Скендербег се упатија кон Собранието на Република Македонија, при што по краток престој се вратија во иста насока и протестираа пред Основниот Суд.
Организаторите на протестите бараат меѓународна истрага и преглед на случајот, кој, според нив, е и неправда на Албанците во Македонија. Освен осудените лица во Случајот на “Диво Насеље”, бараат слобода и за другите осуденици во случаите “Монструм”, “Бродец” и други.
На протестот има големото присуство на полицијата, додека МВР денеска објави дека поради протестот централниот дел на градот во Скопје ќе биде затворен за движење .
Кривичниот Суд на обвинетите за настаните во Диво Насеље во Куманово, кои се случија во мај 2015 година и во кои животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, им пресуди осум доживотни затворски казни, 13 лица осуди со по 40 години, шест со по 20 години, еден со 18 години и двајца со 14, двајца со 13 и двајца по 12 години и четири пресуди за ослободување.
извор: zhurnal
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.