Металург непосредно пред мечот врачил откази на неколку ракометари, а некои од нив се репрезентативци на Македонија кои плачеле пред почетокот на дуелот со Португалија. Така барем посочи голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски на денешната прес-конференција по мечот со Португалија, на кој Македонија обезбеди пласман на ЕП во Данска.
– Иако јавноста очекуваше лесна победа, беше многу тешко. Можеби резултатот кажува поинаку, но беше многу тешко. Тие имаат одличен тим, можеби и тие заслужија да се најдат на Eвропско првенство. Ова е голема победа за Македонија по многу тешки услови и се надевам дека еден ден ќе излезат на површина сите наши проблеми. Пред мечот настана раздор во репрезентацијата со отказите за 5-6 репрезентативци од Металург. Тоа е правата вистина и веќе некое време ни ја сервираат приказната за лажни патриоти. Тоа внесе нервоза, некои пред мечот и плачеа од нервоза, но оваа победа има голема тежина – рече Борко Ристовски на прес-конферција.
Се шпекулира дека се поделени вкупно 12 откази, а меѓу отпуштените ракометари се Велко Марковски и Ацо Јоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.