Со транспаренти на албански јазик и скандирања „УЧК“ и „Косово“, под големо полициско обезбедување, помина протестот против пресудите за терористите од „Диво насеље“.
Насобраните граѓани два часа, во мирна атмосфера, го изразија своето незадоволство пред плоштадот Скендербег и Основниот суд – Скопје 1.
Организаторите на протестот бараат меѓународна истрага и преглед на случајот, кој според нив, е и неправда на Албанците во Македонија. На протестот беа дојдени и групи од Косово и од Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.