Белгиската телевизија ВРТ јавува дека сменетиот претседател на Каталонската влада Карлес Пучдемон и се предал на полицијата . Освен Пучдемон , уапсени се и четворицата министри со кои пребега во Белгија , откако Шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет .
Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и министрите во Шпанија .
По поранешниот Каталонски лидер властите во Мадрид распишаа европска потерница. Десет од екс министрите во кабинетот на Каталонската влада се во затвор , а еден е пуштен со кауција да се брани од слобода .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.