| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрантите во Каталонија ги блокираа патиштата

Патиштата ширум Каталонија, од изутринава се блокирани на повеќе од 60 места како и некои железнички линии пред денешниот најавен штрајк во тој шпанскиот регион, соопшти сообраќајната служба во Каталонија.

Неколку илјадници демонстрани кои се залагаат за независност на Каталонија, денес на пладне излегоа на главниот плоштад во Барселона, придружувајќи се на денешниот генерален штрјак во знак на протест поради апсењето на сменетите членови на каталонската регионална влада и активисти.

На генерален штрајк денеска повикаа саратистичките синдикати, а партиите и припадници на граѓанското општество ги повикаа работниците да се собрат на пладне во главните каталонски градови, и повторно навечер пред градските собранија ширум Каталонија.

Демонстратите виореа каталонски знамиња и извикуваа „Слобода“ за десетмината уапсени од шпанските судови во рамки на истрагата за бунт и поттикнување на бунт, пред каталонскиот парламент да прогласи независност на 27 октомври.

Во пресрет на протестите организирани се голем број блокади на пристапните патишта на големите каталонски градови вклучувајќи го и регионалниот главен град Барселона и на некои од главните артерии, наведе на нејзиниот Твитер налог на Каталонската сообраќајна служба.

Националната желзничка станица Ренфе претходно соопшти дека возовите биле запрени на десетина линии, бидејќи демонстрантите ги блокирале железничките пруги. Неколку национални брзи пруги исто така се блокирани, наведе железничката компанија, додавајќи дека возовите или доцнат или се пренасочени.

За сабота е најавен масовен протест во Каталонија, каде се очекуваат стотина илјадници луѓе. Осум членови на сменетата каталонска влада и двајца активисти се наоѓаат во притвор. Шпанската Влада од Белгија побара екстрадиција на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и уште четворица функционери кои таму се наоѓаат.

Владата на Шпанија распиша парламентарни избори во Каталонија на 21 декември, откако на 28 октомври ги смени каталонските сепаратистички лидери и ја презеде директната управа над Каталонија, применувајќи специјални овластувања со цел спречување на неуставното отцепување на тој шпански регион.

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој денеска изјави дека изборите во Каталонија следниот месец ќе отворат нова политичка ера во тој североисточен регион и враќање во нормала, со почитување на Законот на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top