Каталонската криза стана втора по ред причина за загриженост во Шпанија, по невработеноста, а пред корупцијата, покажуваат резултатите од најновата анкета.
Околу 29 проценти од испитаниците изјавиле дека независноста на Каталонија е една од трите најголеми грижи, додека 66,2 отсто од испитаниците изјавиле дека најзагрижени се поради невработеноста.
Во септември само 7,8 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени поради евентуалното прогласување на независност од страна на Каталонија и таа тема се наоѓаше на деветто место.
Каталонија на 1 октомври одржа референдум за независност, додека централната Влада на Шпанија во Мадрид го прогласи за нелегален.
Анкетата е спроведена од 2 до 11 октомври, при што се испитани 2.487 Шпанци. Резултатите од анкетата се со маргинална грешка од два проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.