На плоштадот Скендербег“ во Скопје почна протестот против изречените пресуди на обвинетите во случајот „Дива населба“.
Се очекува учесниците на протестот од плоштадот Скендербег да се упатат кон Собранието на Република Македонија каде по кратко задржување по истата маршута ќе се вратат назад и ќе протестираат пред Основниот суд Скопје 1.
Протестот го организира Здружението за албанска култура, која вчера го пријавила настанот во полициската станица Бит пазар.
Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиумите е наведено дека треба да присуствуваат сите граѓани кои сметаат дека „ваквото изживување и самоволие на судот во изрекување на казните се уште еден пример за неправедна правда и двојни аршини од страна на судот“.
Претходно на социјалните мрежи се договараше учеството, а според виденото, се очекуваат и демонстранти од Косово и од Албанија, кои го најавуваа своето учесво.
„Нашето учество само ќе укаже за тоа колку сите сме за соживот, без маски и агенди“, велат организаторите.
извор/ фото: А1.он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.