| четврток, 6 декември 2018 |

Прв работен ден на Митко Јанчев – нареди чистење на фасадата оштетена од „Шарената Револуција“

Во првиот ден од неговиот мандат, новиот градоначалник на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, нареди да се исчисти фасадата на општинската зграда која беше оштетена за протестите кои лани дивееја во градот за време на таканаречената „Шарена Револуција“.

Неколку часа по почетокот на чистењето од страна на јавното претпријатие, фасадата на Општина Кавадарци е целосно исчистена.

Јанчев вчера ја презеде гардоначалничката функција во Општина Кавадарци. Пред граѓаните порача дека ова за него е една одговорна функција и како ќе работи во нивни интерес.

-Се надевам на сплотена соработка со советниците. Наш прв проект ќе биде ,,Мој општинар’’ но планот ни е од понеделник да отпочнеме со работа и на повеќе проекти кои ќе бидат поделени по сектори’ – изјави Јанчев.

Претходниот градоначалник, Александар Панов, му посака успех во работата, и нагласи дека Кавадарци е една помеѓу петте општини која се наоѓа во завидна финансиска состојба. ,

-Морам да ги набројам сите јавни установи, не само локалната самоуправа, институции од културата, туку и јавни институции кои не должат ништо, а ги имаат редовните приливи. Идниот градоначалник ќе има обврска да ги плаќа само оние ситни доспеани побарувања од компаниите кои ја реализираат комуналната изградба овој период, тоа се многу ситни пари, така што ќе има една релаксирана финансиска состојба и добри услови за идната комунална изградба и реализација на неговите проекти’ – нагласи Панов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top