Како што сега стојат работите и според најоптимистичките предвидувања светот до 2100. година ќе биде потопол за три целзиусови степени и тоа поради глобалното затоплување. Светот е се подалеку од тоа во овој век да се спаси од глобално затоплување поголемо од два степена, што е договорено од светските нации со Парискиот климатски договор. Уште помалку е веројатно дека ќе сопре на 1,5 степени, што е предложено како посебно амбициозна цел.
Еве што ќе се случи со јадранскиот брег и хрватските градови на море во случај на раст на морето од 9 метри, што е во склад со извештајот на PNAS – Proceedings of the National Academy of Sciences of the U.S.A.
Со раст на нивото на морето од само еден или два метри, сите брегови на Јадранот ќе бидат поплавени. Во случај на пораст на нивото на морето од 9 метри, Трогир, како и половина од Солин, Каштел, Полјуд во Сплит, Диоклецијановата палата, Лоре, пристаништата, ќе бидат атракција за нуркачите.
Долината на Неретва е најранливо подрачје во Хрватска на климатските промени. Во случај на пораст од четири метри, исчезнуваат Опузен, Метковиќ и Плоч, а Чапљина добива своја ривиера. Морето ќе дојде на половина пат до Мостар. Земјоделството ќе умре, а ќе настрадаат и најнаселените делови на сите хрватски острови.
Стариот град на Дубровник во најголем дел ќе биде под вода. Ќе настрадаат Цавтат и Купари. Задар со порастот на нивото на морето од девет метри ќе исчезне. Тоа што нема да биде потопено, ќе биде уништено од големи олуји.
Трсатската градина во Ријека ќе се издигне над самата морска површина, а се пониско од тоа ќе биде под вода. Под море ќе бидат сите знаменитости од овој град, кои ќе се паметат само од разгледниците.
Слично нешто ќе се случи и со Пула, а ќе страда и Истра. Раша повеќе нема да биде река, туку длабок морски залив. Ќе исчезнат Пореч, Врсар, Новиград и Ровињ, а Мотовун ќе биде град на море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невреме во Дубровник, поплавени повеќе куќи и патишта
-
Друштво кое тежи неколку милијарди: Опра со пријателите летува во Дубровник (ФОТО)
-
Хрватска стравува од епидемија, хоспитализан пациент со морбили
-
„Огнена“ венчавка за паметење во Дубровник: Сватовите палеле ракети и гуми, интервенирала противпожарна единица (галерија) (видео)