| четврток, 6 декември 2018 |

Теута се сретна со Рикер и Волерс

teuta arifi 1Градоначалничката на Тетово Теута Арифи денеска се сретна со помошникот на заменикот-државен секретар на САД, Филип Рикер и со американскиот амбасадорот во Македонија Пол Волерс.
На средбата се разговарало за политичките случувања, за регионалните процеси на соработка и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури и за подршката на САД  за демократските процеси и сочувањето на мирот и стабилноста во регионот. Арифи информирала за активностите што ќе се  преземат со цел јакнење на локалната демократија преку модернизација на општинската администрација и зголемување на нивото на транспарентност и отчет за работата на локалните власти и јавните претпријатија.
На средбата се разговарало и за предизвиците на Тетово и за активностите кои се планираат за забрзување на динамиката на инфраструктурниот, економскиот и културниот развој на Тетово и за поддршката што САД  ја нуди преку програмите на развој на едниниците на локалната самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top