| четврток, 6 декември 2018 |

Касами со докази: Теута Арифи го злоупотребувала општинскиот буџет за лични потреби

Кандидатот за градоначалник на Тетово и претседател на Беса, Билал Касами ја обвини градоначалничката на Тетово, Теута Арифи дека ја злоупотребува општинската каса. Таа според него, го трошела буџетот на општината за личности кои и вршат лични услуги,, користејќи ја буџетската линија за договори на дело.

-Во овој период од нејзиното неуспешно четиригодишно владеење, се евидентира огромни трошоци за лични потреби и на нејзиниот тим и за вработувања на договор на дело, главно партиски милитанти и групи на интерес со што овие услуги и ги “отплаќат” на градоначалничката во заминување со најниски клевети кон секого кој ги открива и ги обелоденува овие коруптивни факти. Според информаците сега веќе објавени од организации кои ја мониторират општината, 113.6 милиони денари се потрошени за договори на дело (1 милион и 830 илјади евра), додека освоена од паниката за пораз на изборите доаѓаат информаци дека таа потпишува десетици такви договори за услуги на дело за овој петмесечен период, а во суштина се услуги кои и се нудат само неа, а не на жителите на општината, вели Касами.

Касами вети дека сите овие податоци ќе ги обелодени јавно ако тој ја преземе градоначалничката функција во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top