| четврток, 6 декември 2018 |

Стевче Алушовски со пласман на ЕП се прости од ракометот

makedonija-portugal-0Стевче Алушовски се прости од репрезентацијата. Тој на крајот на денешниот меч се заблагодари на најблиските, на семејството и им се извини што 21 година не бил дома на семејните прослави. Се заблагодари на публиката, македонските јунаци, претседатели на клубови и тренери.

-Дресот на Македонија секогаш го носев со чест и задоволство и ми беше светост на овие одиграни 245 мечеви. Дадовме многу за оваа мала земја но со многу големи срца – рече Стевче.

Неговите соиграчи го кренаа на раце ракометарот кој на 41 години се пензионираше. Македонската легенда достојно, со победа која не носи на ЕП во Данска во 2014 година, се повлече од ракометот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top