И поранешната водителка Иванна Хаџиевска, сега веќе одговорна за маркетинг во „Пелистерка“ се приклучи кон иницијативата на неколкуте здруженија за заштита на животните против новиот предлог за промена на Законот за заштита и благосостојба на животните. Таа објави фотографија со своето куче Леа, барајќи да се запре постапката за донесување на овој закон. Според новиот предлог закон со кој се предвидува заловените животни, односно кучиња скитници да се усмртуваат доколку во рок од 30 дена не им се најде сопственик, а не како досега, да се стерилизираат, вакцинираат и да се враќаат назад. Здруженија кои се против законот поднесоа бројни амандамни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.