Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека платил 3,3 милиони евра на шпанските власти со цел да се ослободи од обвиненијата за затајување на данок.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид беше обвинет дека во период од 2011 до 2012 година затаил данок во износ од 3.300.670 евра. Шпанското обвинителство објави дека тој не ги пријавил приходите од продажбата на своите фотографии.
Мурињо во петокот се појави пред шпанскиот суд, а по излегувањето „Специјалниот“ на новинарите има потврди дека случајот е затворен.
„Прво ми беше кажано дека мојата даночна состојба е легална. Неколку години подоцна ми беше кажано дека е отворена истрага против мене, дека тоа морам да го средам и да платам одредена сума на пари. Не се бунев, платив и случајот е затворен“, изјави Мурињо.
Бројни спортисти изминатите години се цел на шпанските даночници. Лео Меси Кристиано Роналдо, Марсело, Рикардо Карваљо, Анхел ди Марија, Радамел Фалкао, Хавиер Маскерано и Фабио Коентрао се само некои од фудбалерите кои се под истрага на шпанските даночни органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)