Со претставата „Елка кај Иванови“ вечер во Драмскиот театар ќе бидат отворени 26. Меѓународни средби на студентите од факултетите и академииите за драмски уметности „Скомрахи 2017“.
Претставата е на студентите од катедрата за актерска игра при Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф.Зоја Бузалковска и асс.м-р Александар Степанулески.
– На Скомрахи ќе учествуваат повеќе факултети од регионот, ќе има театарски претстави, филмски проекции, научна конференција, изложба и многу забава. Сите активности ќе се случуваат на Факултетот, претставите ќе почнуваат во 19 часот, а филмските проектиции во 21 часот, рече деканот на Факултетот за драмски уметности, Лазар Секуловски.
Посочи дека 26.Скомрахи се организирани со поддршка на министерствата за култура и образование и наука, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Град Скопје…
Продеканот на Факултетот, Мими Таневска Србиновска рече дека овие средби се многу популарни во Белград, Загреб, Љубљана…
– Ќе има претстави од Белград, Загреб, Љубљана, Благоевград, Приштина…Eдна вечер тројца професори од нашиот факултет ќе пуштат музика. Имаме голема посетеност на Скомрахи и на академската сцена, додаде Таневска Србиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.