| четврток, 6 декември 2018 |

Почнуваат „Скомрахи“

Со претставата „Сината соба“ вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар ќе се отвори манифестацијата „Скомрахи“.

skomrahi-2015

Студентската манифестација ќе трае пет дена, а во програмата на годинашното 27. издание ќе бидат вклучени девет академии за драмска уметност.

Академиите од Балканот и Западна Европа што учествуваат на ова издание на „Скомрахи“ ќе се претстават со девет театарски претстави, дванаесет филмски проекции и три работилници.

Програмата на „Скомрахи“ ќе биде надополнета со богата оф-програма, која вклучува настапи на музички бендови и изложби.

„Скомрахи“ се интернационални студентски средби, кои првпат се одржани во 1988 година, како потреба на студентите за комуникација и размена на искуства и знаења со други академии и факултети. По распаѓањето на Југославија, идејата за средбите прерасна во идеја за собирање студенти од цела Европа. Така во изминатите години на оваа манифестација учествувале повеќе од 25 академии и факултети од: Белград, Нови Сад, Љубљана, Прага, Приштина, Тирана, Сараево, Цетиње, Киев, Лоѓ, Глазгов, Братислава, Грав, Ташкент, Вроцлав, Варшава, Истанбул, Амстердам, T’ргу Муреш, Загреб, Букурешт, Солун.

Освен размена на искуства и знаења на студентите, целта на „Скомрахи“ е и афирмација на културата, на младите автори и изведувачи, остварување лични контакти, како и соработка на проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top