Уверенија им беа врачени денеска на новоизбраниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев и на советниците од Советот на општината, од страна на Изборната комисија.
Честитки до сите нови советници и благодарност за довербата до сите кавадарчани, упати новиот градоначалник и посака успешна работа.
– Меѓу советниците гледам луѓе со различни професии. Се надевам на соработка и сплотеност, во интерес на Кавадарци. Впрочем, затоа и сме тука, нагласи Јанчев.
Вети дека Кавадарци ќе биде најтранспарентната и најдемократската општина и дека ќе бидат реализирани сите проекти од изборната програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)