Бројачот на јавниот долг на Македонија сѐ уште набројува, но веќе никој не зборува зa него. Го нема ниту видеобимот што го ветуваше Заев на Портата Македонија. Подготвен е дури и да ја урне Портата за да нема каде да го закачи видеобимот со проекција од бројачот, на кој граѓаните ќе можат да следат како новата реформска влада секојдневно го намалува јавниот долг.
–Ние ветивме дека на Триумфалната капија ќе има бројчаник, којшто секој денар, секое евро, украдено, како што ќе се враќа, така бројчаникот ќе врти. Да знаат сите колку од украдените пари се вратиле во Буџетот и преку него им се вратиле на граѓаните преку сите социјални аспекти за да можеме да го зголемите квалитетот на економскиот живот на граѓаните во Македонија, ветуваше Заев.
Да не се лажеме – новата реформска влада не само што не обезбеди услови да биде намален јавниот долг, таа создаде неверојатно лоша клима, во која македонските граѓаните се дополнително задолжени – 17 евра во секунда.
Пропагандата на СДСМ акцентираше дека „Влада на режимските ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ ве задолжува по 15 евра за секоја одмината секунда“, а оваа „констатација“ силно влијаеше врз народот во изборната 2016 година. Луѓето помислија дека лично должат по 2.158 евра некому.
Она што е вистина, е дека и во предизборниот процес, и по него, а и денес, овој бројач не застана да набројува, но никако да одбројува.
Бројачот на јавниот долг на Република Македонија, кој „работеше” по неколку параметри го објави Истражувачкиот центар за компјутерски науки при Македонската академија на науките и уметностите во март 2016 година. По реакцијата на тогашната влада на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПНЕ и Коалицијата за заедничка Македонија, која никогаш не ги оспори фактите, но потенцира дека кога веќе Академијата го смета бројачот за стручен труд, можела да изработи и компаративен „бројач“, кој ќе покажува колку од парите се вложени, колку нови објекти се изградени, колку инфраструктурни решенија се реализирани, колку болници се изгадени, колку нови работни места се отворени, МАНУ го исклучи бројачот. Повторно го активира на 20 април повторно да го активира, без притоа да објасни која е неговата намена, особено затоа што пренесува сирови информации.
Мерачот на јавен долг сѐ уште функционира. Сајтот www.javendolg.mk е и активен и редовно се ажурира, но не е експониран.
Според достапните податоци заклучно со август вкупниот јавен долг изнесувал 5.201.933.000 евра, па наместо 2158 евра, граѓаните должеле по 2571 евро, односно 413 евра повеќе. Растот на долгот во почетокот на деветтиот месец бил зголемен на 974.734.700 од почеток на 2016 година, а каматата на долгот достигнала 123.287.000 евра или 19.819.250 евра разлика.
Со еден збор – оваа влада ги задолжува граѓаните по 17 евра на секунда.
Во јануари годинава бројачот покажувал 4.365.727.850 евра јавен долг, 2.158 евра јавен долг по жител, 38.527.850 евра раст на долгот за 2016 година и 103.467.750 евра камата на долг за 2016 година – горе-долу реални вредности извлечени од базите на податоци на Министерството за финансии и Државниот завод за статистика.
Земјите во развој, каква што е и нашата опстојуваат со задолжување, но важно е како менаџира владата во земјата со кредитите.
Кредитите кои ги земаше Владата на ВМРО-ДПМНЕ денес ги зема „реформската“ влада на СДСМ, го прави истото задолжување, но веќе не го наредува „режимско“, туку го именува „реформско“. Портирот, кој на министерот за финасии Драган Тевдовски му објасни што е бруто, а што нето кога стапи на функција, овојпат би требало да му одржи лекција дека долгот е долг, а каматна стапка е каматна стапка, а кредитот не може да биде режимски или пак реформски. Тевдовски и Заев наместо да ја замајуваат јавноста со кршетвање на долговите, треба да ѝ образложат за што ги подигаат и зошто ги задолжуваат граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)