Откако вчера беа изречените казните за обвинетите во случајот Диво насеље, во знак на протест на пресудите, во Пеќ на Косово било запалено македонското знаме. Пред овој случај, македоснкото знаме беше исто така запалено и во градот Гњилане, каде навивачите на локалниот фудбалски клуб на овој начин го искажале својот револт.
За потсетување, вчера беа изречени седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, за обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.
Вчерашното рочиште во Судот помина во тензична атмосфера. Пред да бидат прочитани пресудите, обвинетите станаа од своите места и почнаа да ја пеат албанска химна, да викаат УЧК, УЧК, да упатуваат закани дека крвтта на убиените нема да остане неказнета, дека во Македонија ќе нема мир,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)