| четврток, 6 декември 2018 |

Путин го доби својот суперавтомобил (Видео)

Рускиот претседател Владимир Путин го доби својот прв суперавтомобил. Објавени се првите снимки од автомобилот „Кортеж“, кој е наменет за превоз на претседателот и највисоките државни функционери, а кој лани го најави министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Тогаш беше соопштено дека кон крајот на 2017. и почетокот на 2018 година ќе бидат испорачани 200 автомобили, за кои се предвидени 3,7 милијарди рубљи (47,14 милиони евра).

За руските функционери е предвидена само блиндирана варијанта, со погон на четири тркала, мотор В12 и 800 КС.

Во рамките на проектот, предвидени се четири автомобили: лимузина, седан, теренско возило и моноволумен. Планирано е до 2020 година, серијата да биде зголемена на 4-5 илјада возила од секој тип.

На видеото е прикажана лесна верзија на седан, која е за метар покуса од „претседателската“ лимузина и не е блиндирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top