Автомобил од придружбата на поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ учествуваше во несреќа по што се запали на местото Кокота на излезот од Подгорица, јавија црногорските медиуми.
Несреќата се случила на патот Подгорица-Цетиње во 17 часот и 45 минути, а повредени биле три лица, откако возилото од придружбата на Ѓукановиќ се судрило со „Фолксваген кеди“ со никшички таблички.
До несреќата дошло кога автомобилот со никшички таблички сакал да го престигне возилото од придружбата на Ѓукановиќ. Повредени се двајца полицајци од придружбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.