Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги поздрави и Сараево, Скопје, Гостивар, но и целиот свет. Тој се обрати пред стотина илјади граѓани кои се собраа на митингот на партијата на правдата и развојот.
– Се собравме овде да не слушнат и Сараево, Зеница, Исламабад, Скопје, Гостивар и другите градови – истакна Ердоган.
Тој испрати сериозни критики до странските медиуми, кои како што вели, известувале „необјективно“ од Таксим. Тие, додава тој, „не го гледаат крвопролевањето во Сирија и колежите во Палестина, но ги гледаат демонстрациите во Турција“. Ердоган ги апострофираше ЦНН, ББЦ и Ројтерс.
Турскиот премиер додаде дка во врска со паркот, општината веќе го исчистила и дека се средуваат зелените површини. Тој најави реферндум на кој ќе се одлучи судбината на паркот Гези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


