| четврток, 6 декември 2018 |

Се вратил кај ќерката после убиството-обвинителството тврди дека Зоран ја убил Јелена за 10 минути

Откриено е што пишува во наредбата за спроведување на истрагата против осомничениот Зоран Марјановиќ.

Зоран на 2 април 2016 година во периодот меѓу 16.49 до 17.30 се одвоил од ќерката Јана и брутално ја убил сопругата Јелена. Отсутен бил половина час, колку што му било потребно да го изврши злосторството. Потоа се вратил по детето и го пријавил исчезнувањето на сопругата, односно повикал пријатели и роднини, а подоцна јавил и на полицијата.

Ова е суштината на наредбата за спроведување истрага која во Вишото јавно обвинителство во Белград се води против Зоран Марјановиќ, осмоничен дека со 9 удари со тап предмет ја убил Јелена.

Младата жена била најдена во каналот, а во наодот на вештакот се наведува дека првиот удар го добила во нога, па паднала, а потоа е влечена 10 метри до водата каде што е усмртена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top