
Таткото на Зоран Марјановиќ уште пред две недели изјавил дека стравува за животот на својот син Зоран, кој се наоѓа во притвор поради сомнеж дека ја убил сопругата Јелена.
Имено тој изјавил дека се плаши дека неговиот син може да се обиде да се самоубие.
Како што пишува Стар, на чуварите во Централиот затвор во Белград, им било сомнително што Зоран во кантината постојано купува бричеви, па решиле да ја претресат неговата ќелија.
-Зоран неколку дена чудно се оденсува и веднаш на чуварите им станал сомнителен. Често купувал бријачи, па луѓето кои работат во кантината веднаш случајот го пријавиле на надлежните. После две дена човекот кој ги чисти ќелиите во корпата нашол искршени бријачи, па се посомневале дека Зоран од нив сакал да ги извади жилетитие со кои би си наштетил на себе или другите. Кога командирите го прашале Марјановиќ што планирал, почнал да вика на нив, иако до тогаш само молчел и рекол дека подобро е да умре, отколку да го осудат, бидејќи не сакал ќерка му Јана да мисли дека е монструм-пишува Стар.
Со ова се реализира намерата на Зоран преку обид за самоубиство да се извлече од затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија


