| четврток, 6 декември 2018 |

Сексуални побуди зад монструозното злосторство-Јелена е убиена од болна страст!

Пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ(33) убиена е од сексуални побуди!

Експертите кои имале увид во обдукцискиот наод на пејачката, откриваат дека е удирана по глава со болна страст и дека на злостортвото му претходела жестока караница поради нејзината одлука да се разведе или поради сознанието дека маж и имал љубовница.

-Деветте кратери на нејзината глава укажуваат дека на убиецот му паднал мрак на очите и дека направил злосторство од страст!Кога на жртвата и се нанесуваат голем број повреди на мала површина на телото, една крај друга, тоа е јасен знак дека се работи за убиство од сексуална природа. Во овој случај јасно е дека убиството на Јелена има сексуален мотив, додека убиецот има поматени сексуални афинитети – рекол  признаен експерт.

-Судејќи по повредите, може да се заклучи дека Јелена се расправала со убиецот. Тој после караницата грабнал тврд предмет кој му се нашол при рака и и задал удар по главата. Првиот удар бил толку силен што и го пробил черепот и направил кратер со длабочина од околу 2 сантиметри. Повредите на лактот настанале кога со рака се обидувала да ја заштити главата. После тој удар делумно ја изгубила свеста, но убиецот продолжил да ја удира со болна страст. Повредите откриваат дека тој наверојатно седел на неа додека со удари и ја пробивал главата – објаснува изворот, според кој пронајдените панталони на Зоран биле мокри и со кал иста како на косата на Јелена, што укажува дека Зоран најверојатно ја влечел Јелена по каналот.

Тоа било клучно кога била пишувана кривичната пријава против Зоран кога е обвинет за тешко убиство.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top