| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските деца трпат семејно насилство

Од 2015 /2016 во Македонија имало вкупно 82 остварени контакти, пријава за прекршување на правата на детето. За седум месеци пак, односно во периодот од ноември 2016 до мај 2017 година на СОС контакт телефонот за деца и млади и останатите контакт механизми на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, се регистрирани вкупно 44 контакти. Според извештајот кој „Република“ го доби од „Меѓаши“ од јавувачите, само четири се деца кои што се јавиле за да се информираат за своите права, да се информираат за некои свои проблеми со кои што се соочуваат или пак да пријават сомнеж за можно прекршување на нивните права. Според пријавите, вкупниот број на деца кои што се опфатени во овие случаи е 50 деца, каде што постои можно прекршување на некое нивно право.

Поделено според возраста седум од пријавените случаи се однесувале за деца на возраст од нула до пет години.

Дваесет и четири случаи биле пријава за можно прекршено право кај дете на возраст помеѓу шест и четиринаесет години, додека тринаесет деца биле на возраст од четиринаесет до осумнаесет години. За останатите шест случаи, не е позната возраста на детето. Бројката за пријавените случаи се однесува на прекршување на правата кај 15 момчиња и девет девојчиња, додека за останатите шест случаи не е познат полот на детето.

Како и во светски рамки така и кај нас деца од сите возрасти се соочуваат со насилство онаму кајшто би требало да се чувствуваат најбезбедно – дома, на училиште и во заедницата.

Најголемиот број на случаи пријавени за прекршување на детските права се однесуваат при бракоразводните постапки – односно 27 од пријавените случаи се однесуваат токму на овој начин на прекршување.

Десет случаи се однесуваат на семејно насилство:

  • Три случаи пријавиле физичко насилство во семејната атмосфера
  • Два случаи пријавиле психичко насилство
  • Пет случаи се пријавени за негрижа кон дете

Прекршување на правата на детето во рамки на училиштата:

  • Пријавени се три случаи
  • Два се однесуваат за поплаки за негрижа кон ученици 
  • Еден случај се однесува за психичко насилство од страна на наставник врз ученик
  • Во овој период, во „Меѓаши“ не се пријавени случаи за сексуална злоупотреба на дете.

Од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ информираат дека е предвидено да се подготви извештај за работата и пријавените случаи на Сос контакт телефонот за деца и млади за период на останатите месеци од 2017 година во месец декември.

Во светот алармантно и загрижувачки расте бројот на деца кои се жртви на психичко, физичко и сексуално насилство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top