| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: Тинејџер без возачка излетал во реката

Седумнаесетгодишно момче од село Неготино со автомобил излеталo во Топличка Река, на локалниот пат Топлица-Врапчиште во Тетово.

Според информациите на МВР, вчера околу 21.30 часот на локалниот пат Топлица-Врапчиште во Тетово, 17-годишник од село Неготино со автомобил фиат панда, што го управувал без возачка дозвола, изгубил контрола, излетал од коловоз и паднал во Топличка Река.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и 17-годишниот сопатник. Тие биле пренесени во болницата во Гостивар и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top