Додека Еврокомесарот Филе вчера во Скопје бараше начини да го убеди Црвенковски да отстапи од бојкотот на институциите и ултиматумот за предвремени избори за државата да добие што подобар извештај на пролет и да може да се обезбеди датум за почеток на преговорите за членство, истиот ден Игор Ивановски Шема во Советот на Европа, пренесувајќи го ставот на македонската опозиција за случувањата од 24 декември минатата година во Собранието, побара враќање на државата под постојан мониторинг од Советот.
Тоа значи дека Ивановски не само што ги поткопува напорите на Европската Комисија, на Еврокомесарот Штефан Филе кој денеска има свое обраќање пред Советот на тема проширување, туку и ја поткопува европската иднина на државата со тоа што бара постојан мониторинг за земја кандидат за членство. Видеото од обраќањето прво беше наречено „24 декември- тема во Советот на Европа“ на македонски, додека час поскоро беше преименувано на англиски во „Диктатурата во Македонија – дискусија во СнЕ“ (Dictatorship in Macedonia – Discussion in the CoE).
„Го кревам гласот во име на македонските граѓани, ова не е нечиј внатрешен политички или партиски проблем, се работи за тоа дали Македонија може и ќе биде вистинска парламентарна демократија или со оваа влада ќе се претвори во тоталитарен режим. Ја барам вашата солидраност и барам Владата да се придржува до обврските превземни во Советот на Европа. На македонската држава и граѓани им е потребен фокус, поддршка, најитни и постојани форми на мониторинг од Советот на Европа за да разурнатата демократија биде спасена и реизградена уште еднаш“, прочита Ивановски во салата која што колегите ја напуштаа штом на Ивановски му беше даден збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


