| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски

Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски утрово е уапсен.

Според неофицијалните првични информации, тој е уапсен за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината.

Освен Митревски, според информациите на домашните медиуми се уапсени уште неколку лица.

Од МВР официјално сеуште не ги потврдуваат апсењето, од секторот за односи со јавноста за овој случај новинарите ги пренасочуваат да побараат информација од Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top