| четврток, 6 декември 2018 |

Сокол Митревски: доградба на училиштето во Ѓорче Петров е приоритет

safe_image

Министерот за образование и наука Панче Кралев,  денеска  го посети основното училиште “Тихомир Милошевски“ во Ново Село, општина Ѓорче Петров.

Со градоначалникот на општината  Сокол Митровски разговараа за потребата за доградба на училиштето во кое  секоја година се зголемува бројот на ново запишани ученици.

Во училиштето во моментот учат 540 ученици распоредени во три смени. Со доградбата ќе се добијат уште 10 нови училници и кабинети со што учениците наставата ќе ја следат во една или две смени. Градежните работи на училиштето треба да завршат до крајот на 2015 година.

-Доградбата на училиштето е приоритет на општината. Изработен е проект од страна на општината, а министерството за образование ќе ја помогне реконструкцијата на ОУ “ Тихомир Милошевски“, рече министерсот Панче Кралев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top