На местото на старата градинка „Кокиче“ ќе биде изградена нова градинка, која ќе има капацитет за 200 деца, најави Сокол Митревски, актулениот и кандидат за градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров.
– Оваа градинка е планирана заедно со Општина Ѓорче Петров и со Министертство за труд и социјална политика. Се надеваме дека до крајот на овој мандат оваа градинка целосно ќе биде обновена и издадена во функција на граѓаните на Ѓорче Петров – рече Митровски.
Спиро Ристовски, министерот за труд и социјална политика, истакна дека во изминатите неколку дена со неколку од градоначалниците најавиле нови проекти за следниот мандат, меѓутоа тие следни проекти се однесуваат исклучително на децата.
– Создавањето и креирањето на детски градинки се од исклучително значење за економско-социјалното олеснување на семејствата – рече Ристовски, додавајќи дека додека трае изградбата на новата градинка, дечињата привремено ќе бидат сместени во најблиските градинки во населбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.