| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски дебатираше во ЛШ, публиката добива нов миленик (видео)

Македонскиот репрезентативец, десениот бек, Стефан Ристовски вечерва дебитираше во елитното натпреварување. Toj  цели 90 минути се справи добро со ѕвездите на Јувентус. Но за жал играта не беше наградена со победа. Португалците иако водеа, Јувентус успеа да спаси глава и да си замине непоразен од Лисабон.

Ристовски беше еден од најдобрите на теренот, добивајќи мнозинство од дуелите со офанзивците на Јувентус и фрустрирајќи го особено Марио Манџукиќ. Тоа измами овации од трибините во Лисабон во неколку наврати. За жал, мораше да ја напушти играта неколку минути пред завршниот свиреж, поради повреда, но тогаш барем се виде колку многу ја придоби лисабонската публика, која не ги штедеше аплаузите.

Рома го декласираше Челси, ПСЖ од друга планета, а Барселона киксна во Пиреја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top