Водата за пиење во Гостивар е исправна и безбедна за употреба, велат од Институтот за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство.
„Од Институтот за јавно здравје информираат дека е исправна и безбедна за употреба водата за пиење во Гостивар, што покажала направената проширена физичко-хемиска анализа на квалитетот на водата“ се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Институтот потенцира дека водата за пиење во Гостивар е бактериолошки исправна, со добар физичко-хемиски состав и без присуство на пестициди.
Инаку, пад 300 жители на Гостивар и околните села минатата неела побарале медицинска помош во општата болница во Гостивар, бидејќи имале стомачни болки, пролив, повраќање и малаксаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.