| четврток, 6 декември 2018 |

Наградениот анимиран филм на Македонецот Александар Шопов (видео)

ansiТриесет годишниот аниматор на цртани филмови од Скопје, Александар Џони Шопов, кој живее во Париз, е добитник на втората награда на конкурсот под наслов „Повеќе кратки”, одржан во рамките на Меѓународниот фестивал за анимиран филм “Анси” во истоимениот град во Франција. Фестивалот се одржа од 10 до 15 јуни. Првата награда му е доделена на Ави Офер од Израел, а третата на Оливје Витра од Франција. Наградите се доделени од американскиот продуцент Брајан А. Милер, генералниот директор на Cartoon Network Studios во Калифорнија, и член на жирито во кој членуваат и францускиот новинар Стефан Леблан и американскиот режисер Бил Плимптон.

Се работи за момче кое е внук на македонскиот поет Ацо Шопов. Го направил краткиот анимиран филм „Pictureless” што претставува комична критика на светот во кој ние живееме.

Во малиот град Анси, се појавува „мрачниот демон на мрачнината”. Тој на граѓаните  ќе им го краде најдрагоценото – сликите. Одеднаш граѓаните не можат да играат видеоигри или да гледаат телевизија, па мораат да се занимаваат со други активности: музика, спорт, сликарство.


Pictureless (Concours Annecy 2013 + de courts) by a_dzone

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top